(ФОТО+ВИДЕО) Оголен јарболот во општина Долнени: Исчезна државното знаме!

19551132_10211604584701666_1418724625_n

“Со грбот, химаната и знамето се претставува Македонија и се изразува припадноста на Република Македонија”. За секое прекршување на оваа законска одредба се сноси одговорност.

 

Во општина Долнени државното знаме на Република Македонија веќе не го краси јарболот. Ако претходно беше симнувано и уништувано, сега веќе воопшто го нема.

Кој го спушти македонското знаме во Долнени?!

Јарболите со државни знамиња постојано претрпуваат уништувања ширум државата, или пак домашното знаме се заменува со знамиња на други држави.

19578065_10211604577741492_1993042622_n

Општина Долнени е мултиетничка средина во која живеат повеќе националности. Иако не се чести меѓуетничките препукувања, некој со вакви потези сака да го наруши таквиот соживот.

Сепак, власта е таа која треба да води грижа за почитување на законите и државните симболи и да го пронајде одговорниот за отстранувањето на македонското знаме од јарболот во оваа општина.

Граѓаните Македонци од Долнени, но и минувачите се видно револтирани и постојано апелираат, да се почитува нивната припадност и симболиката на македонската држава и народ.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.