(ФОТО+ВИДЕО) Му здодеа од парите, жените, ноќните клубови и брзите автомобили: Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед стана монах

Не така одамна Филип Милрајн беше соиграч на Дејвид Бекам и Рајан Гигс. Го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и Норич и беше репрезентативец на Северна Ирска. Денес е свештеник.

Кога сте играч во Премиер лига уживате во скапите автомобили, се забавувате со убави девојки и можете да си дозволите се што сакате, речиси неверојатно е некој да се откаже од овие работи. По богатата кариера, повикот за менаџер, скаут или фудбалски консултатнт не бил доволно примамлив за Филип Милрајн, па одлучил копачките да ги замени со монашка мантија.

За време на кариерата Милрајн имал 161 настап во Премиер лигата. Заработувал околу 600.000 фунти годишно, а најмногу се прославил во дресот на Норич. Во Манчестер Јунајтед се преселил во 1999 година, а за репрезентацијата на Северна Ирска настапувал 27 пати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.