Тајните документи и телеграми, кои се криени повеќе од еден век, ја осветлија вистината за она што се случувало со телата на луѓето кои ги загубиле животите во една од најкатастрофалните поморски несреќи во историјата.
Оние кои ги пишувале биле уверени дека тие писма никогаш нема да и бидат достапни на јавноста, а во нив се открива дека капетанот од бродот за спасување сакал од морето да извлече што повеќе тела на загинати патници, без разлика на која класа и припаѓаат. Меѓутоа, кога се констатирало дека бродот “Mackay-Bennett” е премал за 334 пронајдени тела, капетанот ја променил одлуката. На крајот од бродот се исфрлени 100 тела, кои никогаш повеќе не се пронајдени.
Од бродот се исфрлани телата на патниците од трета класа, како би се направило простор за патниците од прва и втора класа, кои по мислење на персоналот на бродот имале поголемо право на достоинствен погреб, пишува “Elite Daily”.
Еден од најпознатите бродови на сите времиња, Титаник, потонал во 1912 година на турата од Саутемптон до Њујорк. Во таа трагедија животите ги загубиле повеќе од 1.500 патници и членови на екипажот, а повеќе од еден век се верувало дека трагедијата е предизвикана поради удар на бродот во санта мраз.
Експертите врз основа на новооткриените документи тврдат дека дошле до нови докази кои укажуваат на тоа дека катастрофата ја предизвикал пожар на бродот, кој избил уште при тргнувањето, а иако за него знаеле, сопствениците на бродот не сакале да го одложат испловувањето.
Новинарот Сенан Молони, кој 30 години го истражува тонењето на Титаник, ги проучувал фотографиите кои ги направил главниот електричар на бродот и приметил големи црни дамки во внатрешноста на бродот, на местото со кое покасно удрил во санта мраз. Се претпоставува дека црните дамки настанале од пожарот во една од котларниците, но дека покасно го изгасиле членовите на екипажот, меѓутоа штетата била голема. Кога Титаник удрил во сантата мраз, бродот бил ослабен поради пожарот кој избил, поради тоа и потонал.
Ф.Г.