ФОТО+ВИДЕО: Крв низ училиштето- бројот на повредени се искачи на 15

Бројот на повредени во тепачката со ножеви во средното училиште се искачи на 15, од кои 12 се хоспитализирани.

Според пишувањата, до инцидентот дошло кога двајца ученици од едно руско училиште во градот Перм се скарале и еден на друг тргнале со ножеви.

Тие почнале кавга, а продолжиле со ладно оружје, додека останатите ученици и учителката се обидувале да ги смират, така настрадале. До кавгата дошло за време на час, наведе РИА новости.

Други медиуми пак пишуваат дека две маскирани лице ги нападнале учениците и наставничката.

Истрагата е во тек.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.