Како што најавија изминатата недела од општина Прилеп, така и се случи. Започна да се работи на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Денеска на стадионот можеше да се види присутна механизација, која изминатите денови започна да работи на инсталациите за поставување на осветлување на стадионот, при што ќе се постават столбови за рефлектори.
Од први јули, паралелно ќе се работи на теренот и дренажата, по што ќе следи целосна реконструкција на северната трибина, поставување на нови столчиња и нејзиното целосно покривање.
Работата на градскиот стадион во Прилеп стагнираше поради средување на имотно правната состојба, односно легализација на објектите. Стадионот претходно беше комплетна дивоградба за да после изработката на проектот, сега да се продолжи со градежни активности до целосна негова реконструкција.
А.Г.