(ФОТО+ВИДЕО) АНГЕЛСКИОТ ВОДОПАД Е НАЈВИСОК НА СВЕТОТ: Водата ја претвора во магла и само најупорните стигнуваат до него

Angel-Falls-Venecuela-3-620x350

Ангелскиот водопад е највисокиот водопад во светот со висина од 979 метри, а слободен пад на водата од 807 метри. Се наоѓа на малата река Чурун, притока на Карона, во Националниот парк Канајма во Венецуела.

Локалниот назив за планината од која тече водопадот е “Auyan Tepui” или Ѓаволска планина, а врвот на водопадот е наречен “Ѓаволска уста”.

Висината на водопадот е толку голема што водата се претвора во магла пред да падне на земјата. Националниот парк Канајма во 1994 година е запишан на листата на светски природни чуда.

Angel-Falls-Venecuela

Водопадите за прв пат се откриени 1933 година од американскиот авијатичар Џими Енџел.

Angel-Falls-Venecuela-2

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.