Оснивачот и директор на интернет-продавницата “Амазон” милијардерот Џеф Безос повторно е на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, а оваа листа ја составува списанието “Форбс”.
Богатството на Безос се проценува на 93,1 милијарда долари.
Тој го престигнал оснивачот на “Мајкрософт” Бил Гејст за 3,2 милијарди долари. Третото место на листата го завзема американскиот инвеститор Ворен Бафет ( 80,6 милијарди долари).
На четврто место е сопственикот на “Зара” Амансио Ортега, со богатство од 77,9 милијарди долари.
Првата петорка ја затвора Марк Цукенберг, оснивачот на “Фејсбук”, чиј капитал е проценет на 73,8 милијарди долари.
Ф.Г.