Финалето од Лигата на шампиони 2017 во Кардиф, помеѓу Јувентус и Реал Мадрид, кое ќе се одржи во сабота, 3-ти јуни, ќе влезе во историјата. Ќе биде тоа прв пат ваков настан да се игра под затворен кров.
Одлуката е донесена поради сигурносни причини.
Фудбалскиот сојуз на Велс, во петокот донесе преседан во историјата на Лигата на шампиони. Велшаните одлучија финалето помеѓу Јувентус и Реал да се одигра под целосно затворен кров на стадионот “Принципалити” во Кардиф. Одлуката е донесена поради сигурносни причини, а главниот поттик за тоа е неодамнешниот терористички напад во Манчестер. Интересно е тоа што екипите во пресрет на финалето, своите тренинзи исто така ќе ги играат во затворен стадион.
Одлуката на Федерацијата на Велс ја потврди и УЕФА.
А.Г.