Атинскиот оратор и политичар Есхин бил роден во 389 година, а починал во 314 година пред нашата ера. Неговата кариера е тесно поврзана со Македонија.
Во неговите записи тој пренесува: Првиот чекор на Филип Втори (таткото на Александар Македонски) по засилувањето на Македонија бил истерување на грчките колонисти од бреговите на Македонија. Типичен пример претставува градот Олинтус, кој во 348 година п.н.е. бил заземен од Македонците, а најголем дел од грчката популација (вклучувајќи ги и војниците) биле продадени како робови.
После овој чекор, Есхин бил испратен на мисија од Атина на Пелопонес да ги крени на бунт и да ги предупреди Грците за опасноста од Македонија. Покасно бил испратен на мировна мисија во Македонија каде се сретнал со Филип Втори. Есхин бил толку многу импресиониран од Филип што целосно застанал зад неговите политики. Од тогаш, Есхин ги променил своите активности и започнал да ги убедува Грците да не им се спротиставуваат на моќните Македонци, и да се обидат да остварат добри врски.
Но и покрај овие активности на Есхин, голем дел од Грците биле против идеата да им се одземе нивната слобода. Најгласни биле Демостен и Тимаркиус. Тие биле најголемите опоненти на Есхин (про-Македонецот). Го прогласиле за предавник на Грците. Есхин им одговарал на друг начин, со пишување на дела. Есхин правел јасна дистинкција меѓу Грците и Македонците.
“…Откако луѓето испратени од ФИлип стигнаа во Атина, нашите чекаа надвор и се договараа како да побунат Грците против Македонија”.