ФАРАЖ ГО ТРЕСЕ ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Го претставувате Орбан како ѓавол, а Сорос е најголемата закана за демократијата (ВИДЕО)

Пратеникот во европскиот парламент, Најџел Фараж рекол дека ЕУ не ја интересира кршењето на човековите права во внатрешноста на Унијата кога тоа го вршат сојузниците на Брисел, како што бил случајот со апсењето на новинари од страна на режимот на Доналд Туск, додека ЕУ секогаш агресивно се меша во внатрешната политика доколку тоа го прават оние кои сакаат да го повратат суверенитетот и националната демократија. Фараж исто така го осудил однесувањето на ЕУ кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека пак Џорџ Сорос го нарекол најопасен човек во Европа и закана за демократијата.

Фараж рекол дека редовно слуша за човековите права, но сепак кога во 2011 година во Полска биле апсени новинари и истите добиле отказ поради критики кон власта, ЕУ не презела ништо. “Тоа е затоа што тогашниот премиер Доналд Туск е следбеник на идејата на ЕУ”, вели Најџел Фараж.

“Сепак, кога на власт ќе дојде некој нов, кој се обидува да го исчисти системот од старите комунистички гарнитури, се активирате и сакате да го заробите демократските права. Иста е приказната и во Унгарија каде поради одбивањето на мигрантските квоти од страна на Виктор Орбан, него го претставувате како ѓавол, а главната причина за тоа е што Орбан се спротивстави на Сорос”, рекол Фараж.

“ЕУ мора да се меша во сите прашања во Европа, освен прашањето за Каталонија, каде 950 луѓе беа претепани од полицијата, затоа што сакаа да го искажат своето мислење, тоа е чисто кршење на човековите права и гушење на демократските процеси, но за тоа велите дека внатрешно прашање и не ве интересира”, додава Фараж.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.