Уште едно ново засилување за победашите: Благојче Спиркоски се враќа на домашна почва

Прилепскиот прволигаш од денес во своите редови и официјално го има 21-годишниот дефанзивен играч од средината на теренот Благојче Спиркоски.

Спиркоски кариерата ја започна во 11 Октомври потоа настапуваше за Турново, а во Победа доаѓа од второлигашот Еуромилк каде беше стандарден првотимец.

Со неговиот ангажман клубот ја продолжува стратегијата за враќање во градот на сите талентирани фудбалери кои ќе го носат дресот на прилепската гордост ФК Победа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.