Училишни смотри на ООУ „Климент Охридски“

5

Синоќа салата на НУЦК „Марко Цепенков“ беше резервирана за традицоналните училишни смотри на ООУ „Климент Охридски“ на кои настапија учениците од сите одделенија, презентирајќи драмски, музички и рецитаторски изведби, подготвени со помош на нивните наставници. Манифестација, училишни смотри, која секоја година се одржува во мај, дава еден пресек на воннаставните активности на учениците во текот на целата година. Публиката и овој пат уживаше при секој настап на учениците, а салата беше претесена да ги прими сите оние кои сакаа да ја погледнат манифестација.

8

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој ги следи училишните смотри од самиот почеток, истакна дека ова е одлична можност учениците да ги презентираат, покажат и да ги развиваат своите таленти, а наставниците да го потврдат своето активно работење и воннаставната програма.

3
– Му честитам на овој колектив што посветено работи на едукацијата на нашите деца кои учат во ова училиште, а како резултат на тоа се големиот број награди на општинско, регионално и државно ниво. Локалната самоуправа во ова училиште досега има реализирано над 700 илијад евра, со што значително се подобрија условите за работа и одвивање на едукативниот и наставно – образовниот процес. Наредниот чекор е реконструкција на спортските игралишта и уредување на собата за аутизам – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

2
Утревечер со своја програма, во рамките на манифестацијата училишни смотри, ќе настапат учениците од ООУ „Рампо Левката“.

7

6

4

1




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.