Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и преку денот со умерен ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност особено на северот од земјата.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 29 степени.
Влажен бран со врнежи од дожд ќе има во недела од претпладневните часови. Овој бран ќе е проследен со врнежите на повеќе места кои ќе бидат поројни и со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови позначително намалување на дневната температура и тоа за 5 до 7 степни. Во понеделник ќе продолжи да дува северниот ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во понатамошниот период ќе е променливо, во попладневните делови од денот ќе има појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи. Од понеделник дневните температури ќе се во благ пораст.