Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната температура од 19 до 25 степени.
До петок следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. В сабота под влијание на нов влажен бран времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер кој ќе донесе значително заладување од север за десетина степени.