Утре дожд и грмежи: УХМР со нови информации за времето во наредните денови

ВРЕМЕТО ДЕНЕС, Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови имаше слаб развој на нестабилна облачност со краткотраен локален дожд и со грмежи, која повeќе беше застапена во источните и југоисточните делови на земјава.  УВ=9

toplo

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

До крајот на денов се очекува постепено стабилизирање на времето. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови  локално ќе има повторна слаб развој на нестабилна облачнос  која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. УВ=9

Т-мин. од 13 до 22 а т-мин. 34 до 41 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.  Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен. Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност  со пороен дожд, грмежи и засилен ветер засилен ветер се очекува в среда кон  четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5  до 7 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на  викенд кога ќе има со локална  нестабилност проследена  поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.