Православната црква утре ги празнува светите браќа Кирил и Методиј кои ја ширеле христијанската вера и писменост. Празникот во црковниот календар е обележан со црвена боја, со која се означуваат големите празници.
Народните верувања велат дека на овој ден не се пере, не се пушта правосмукалка, ниту пак се работат било какви тешки работи по дома. Добро е на овој празник децата да читаат книги, како добро би учеле во текот на целата година. Ова важи и за студентите. За да имаат успешна учебна година потребно е утре да читаат.