Во среда – 18 октомври 2017 г. од 19.00 часот во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ октетот Прилеп ќе одржи целовечерен концерт. Пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со богата програма, во која ќе бидат застапени дел композиции од постојаниот староградски репертоар.
Гости на вечерта се Милица Кузмановска и Сефедин Бајрамов.
Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.