Изминатиот викенд продолжи пролетниот дел од Супер лигата во Пинг понг. Во спортската сала “Форца” во Скопје се одиграа натпреварите од 8 и 9 коло.
ППК Младост96 извојува две победи и го најави планираното високо место на крајот од сезоната. Засилувањето во пролетниот дел Петар Костовски беше оправдано уште на почетокот на оваа полусезона.
Во првиот натпревар Младост96 одигра рутинирано со ППК Астраион – Струмица и со резултат 4-1 го победи својот ривал.
На овој натпревар две победи извојува Костоски, една Рикалоски и партијата во двојки Костовски и Рикалоски.
Пораз имаше Стомнароски со искусниот Стаменковски. Шлаг на следното 9 коло беше градското дерби со Младост, кое секогаш изобилува со неизвесност и ривалство.
Помладата екипа на Младост96 извојува победа со 4-3 и направи одличен прогрес кон плеј-офф натпреварите. Натпреварот го отворија засилувањата во двете екипи Костоски и Србинот Милошевиќ.
Костовски на висина на задачата го победи противникот со 3-2, и тоа значеше 1-0 за Младост. Стомнароски изгуби од Јочкоски и резултатот беше 1-1. Наредните два поени ги освои Рикалооски со Јованоски и играта на двојки заедно со Костовски ги победија Јочкоски и Милошевиќ и водство за Младост96 3-1.
Потоа два поени за Младост, Јочкоски победи со Костовски и Милошевиќ подобар од Рикалоски. Тоа значеше 3-3. Во последниот решавачки дуел Стомнароски подобар од Јованоски Зоран убедливо со 3-0 и победа на Младост96.
На табелата двете екипи имаат по 8 бидови и го делат 4-то место кое води во плеј- офф. Наредните 10 и 11 коло се играат на 01 април, а Младост96 игра со Шампиони Ф.А и со Рисови од Скопје.