Урбана преродба во населбата “Сточен пазар” (ФОТО)

Во изминатите години Прилеп значително се разви  на инфраструктурен план. Ако пред 12 години само мал дел од улиците во градот беа асфалтирани, денес таквата состојба се доведе на неколку мали улички без асфалт низ целиот град.

Дури и периферните населби на градот го добија својот урбан изглед и доживеаа целосна преродба.

Една таква населба е и урбаната населба “Сточен пазар”, каде деновиве активно се работепе.

Асфалтирани се краци на улицата “Осоговска”, “Бистра Планина” и улицата “Кордун”, во вкупна должина од 500 метри.

Жителите на овие населби кои се наоѓаат речиси на самите излези од Прилеп со задоволство ја прифаќаат реализацијата на ваквите за нив значајни проекти. Ова ќе значи олеснување на нивното движење и обавување на секојдневните обврски.

Истовремено во оваа населба активно се гради и новото училиште. Инвестицијата за училиштето изнесува околу 10 милиони денари, 7 ќе бидат потребни за градба, а околу 3 милиони денари за внатрешно опремување. Средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, а капацитетот на оваа образовна установа ќе изнесува од 150 до 200 деца.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.