Пред да ја удри Флорида, ураганот од петта категорија “Ирма” стигна до Карипските острови . Речиси половина од популацијата на малиот остров Барбуда морала да ги напушти своите домови , а ветровите од петта категорија ги опустошија островите Свети Томас, Свети Џон, Тортола и Вирџин Горда.
“Островите станаа кафеави, остана само земја, затоа што ураганот ги искорна растенијата од корен”, напиша на Твитер НАСА.
Кога во неделата небото над островите се исчисти, сателитот Ландсат 8 забележа промена на бојата. Зелените острови ураганот ги претвори во земја. Дури и бојата на океанот стана посветла.
А/Г/