Денес, на Меѓународниот ден на жената “8-ми Mарт”, Унијата на жени при општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбележуваме со подарок со свежо цвеќе на жените од нашиот град. Со ова мало внимание сакаме да им оддадеме почит и признание на жената мајка, жената стожер на семејството, жената борец. Истакна Ирена Стерјовска претседател на УЖ при О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„И покрај тоа што се поминати повеќе од 100 години откако ги уживаме овие права и слободи, а јас би рекла и одговорности, сепак се уште е потребно сите заедно со силен глас и горно крената глава да ја продолжиме борбата.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму силно ќе се залага за поголемо вклучување на жените во процесите на одлучување и носење на одлуки, како во самите партии, така и во целокупното општество.
Денес да бидеме горди што сме жени. Денес да бидеме мудри, достоинствени, храбри и силни, а истовремено грижливи и внимателни.
Нека е честит 8-ми март на сите жени од Прилеп, а истовремено сакам да им честитам 8-ми март на сите Македонски, каде и да се“, посочија од Унијата на жени при О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.