Ужас во Македонија: Ученичка се пожалила на другарките – “Тато ме силува”

Две другарчки од Тетово спасиле нивна соученичка од тортура и силување. Во Полициска станица Тетово, директор на основно училиште пријавил дека две ученички во 8-мо одделение му кажале дека нивната 14 годишна другарка била психофизички и сексуално малтретирана од страна на нејзиниот татко.

Во извршен разговор помеѓу директорот и ученичката, истата го потврдила кажаното.

Извршен е гинеколошки преглед над оштетената и констатирано е дека нема видливи повреди, по што од оштетената е земен брис за вештачење. Осомничениот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.