По повод одржувањето на меѓународниот карневал „Прочка 2018“, работното
време на угостителските објекти во градот се продолжува за 2 часа, согласно со
чл.23 од Законот за угостителска дејност.
Продолженото работно време се однесува само за деновите на одржување на
карневалот, од петок 16 до недела 18 февруари.
Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти е
донесена од Советот на Општина Прилеп, на седницата одржана на 29.02.2016
година и таа се уште има важност.