На лице место во време на убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев имало многу луѓе. Околните кафулиња биле полни а по прометната улица имало и пешаци. Во близина има безбедносни камери кои се приватни, но и камери на „safe city“. Медиумите веднаш по убиството, повикувајќи се на очевидци, пишуваа дека напаѓачите, од местото на убиството во Аеродром, бегале во правец на Скопскиот саем. Целата таа траса е покриена со камери, но МВР не соопштува ништо.
Се кријат детали и за сторителите на свирепото убиство и за возилото.
Досега немало побавна реакција на полицијата.
Се случи грозоморно убиство на млад човек пред очите на стотици скопјани, а полицијата два дена му дава предност на сторителот да избега повторувајќи дека работи на случајот.
Социјалните мрежи и граѓаните брујат околу идентитетот на сторителот и се прашуваат зошто нема никаква реакција во врска со убиството.
Оправдан е стравот кој се јави кај скопјани. Главниот град се претвора во крвава арена. Изминативе месеци, во неколку наврати не беа санкционирани лица кои пукаат по улиците. Едни славеа изборна победа, други убиваа луѓе. МВР под палката на СДСМ и Оливер Спасовски нема никого ниту приведено ниту казнето.
Министерот на СДСМ, Спасовски, се сликаше и држеше пресови за мачки кои го гребеле мерцедесот и за тоа кој и што јадел, а сега два дена молк од негова страна и неговото министерство за грозоморното убиство на Мартин јанушев.
Извор: Курир