Во стан во Белград е уапсен Коберт Д. , поранешен припадник на “Морнарските фоки”, а кај него е пронајден пиштол ЦЗ-99 со избришан сериски број. Американецот бил скриен од двајца Срби кои му набавиле и оружје.
Американскиот државјанин, поранешен припадник на најелитната воена единица, е уапсен минатата недела во Белград.
Уапсениот Американец цели 12 години бил дел од познатиот “Тим 6 на Морнарските фоки”, во кој се вклучени само најобучените и најсуровите професионалци. Служел во Ирска, Сирија, но и во кризните региони во Африка и Јужна Америка. Денес работи во израелската компанија која се занимава со обезбедување. За сега не е утврдено што точно барал Коберт во Србија и зошто во “стек станот” се криел со пиштол на кој е избришан серискиот број. Надлежните во полицијата и обвинителството се сомневаат дека тој планирал да изврши некое “големо” убиство.
За опасните намери на упасениот Американец се собрани повеќе докази. Него го криеле двајца Срби кои на црниот пазар му набавиле оружје, а во меѓусебната комуникација зборувале дека Куберт во главниот град пристигнал “за да ја заврши работата и веднаш да исчезне”.
Српската полиција и безбедносните сили дошле до сознание за Коберт преку своите доушници од подземјето. Властите добиле дојава дека двајцата престапници купиле “чист пиштол” и дека разговарале за тоа како во “стек станот” кријат Американец кој треба да изврши голема работа.