Уапсен Сокол Митревски, поранешен градоначалник на Ѓорче Петров

Ексградоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митревски е уапсен утрово, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од полициски извори.

Митревски, според првичните информации, е уапсен за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште. Митревски се очекува да биде однесен во една од полициските станици, во Кисела Вода или Гази Баба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.