Министерството за внатрешни работи соопшти дека денес попладнево на Плоштад Македонија приведени се четворица странски државјани поради недозволено препродавање на билети за Суперкупот, односно двајца англиски државјани им препродале карти на двајца украински државјани.
-При извршен преглед кај украинските државјани пронајдени се вкупно пет билети без наведени лични податоци, додека кај еден од англиските државјани пронајдени се 6 коверти со по еден билет на различни имиња. При извршениот разговор, еден од украинските државјани изјавил дека еден или два билети купил од англичаните, се вели во соопштението на МВР.
За настанот известен е Јавен обвинител и по брза постапка ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело ,,недозволена трговија,, по чл.277 од Кривичниот законик.