Од 2/4/2017 год. до 8/4/2017год. беше реализиран вториот проектен состанок од Еразмус + проектот К219 акција на СОУ “Орде Чопела“ – Прилеп насловен “Раплети го минатото, за да ја исткеш иднината“ (“Unpick your history, weave your future”). Активностите се одвиваа во Средното училиште “Галилео Галилеј“ во градот Јеси, во близина на Анкона во Италија. Во проектните активности учениците од СОУ “Орде Чопела“ – Прилеп имаа можност да стекнуваат знаења заедно со учениците од Чешка, Шпанија и домаќините од Италија. Беа реализирани повеќе активности на учење, така што учениците работеа во мешани групи и преку активно учество, размена на искуства, практична работа и дружење се стекнаа со нови знаења.
Според програмата беа реализирани следните активности: “Ice breaking games“ (“Игри за кршење на мразот“), “Treasure hunting“ (“Лов на богатство“) во Јеси, за запознавање на културните знаменитости, посета на пештерите Фрасаси, посета на Генга, посета на Музејот во Сера Деи Конти и практична работа на учениците – ткаење на разбој, работа на проекти во хемиските лаботратории и кабинетот по биологија (испитување на хемиските и физичките својства на различни текстилни влакна како што се памук, волна, најлон итн.), во Средното училиште “Галилео Галилеј“ во Јеси, презентација на сработеното во работилниците, посета на театарот Перголеси, средба со градоначалникот на градот Сера Деи Конти, и многу други активности на учење и посета на културни знаменитости на задоволство на сите учесници.
На овој проектен состанок зедоа учество професорите: Каролина Дамјаноска (координатор на проектот), Славица Петровска, Рената Ристоска, Роза Николоска и учениците: Стојчески Димитар – геодетски техничар I година, Јакимоска Ангела – техничар за хортикултура I година, Димкоска Љубица – техничар нутриционист II година, Дурљанов Христијан – ветеринарен техничар II година, Илиоски Валентин – ветеринарен техничар II година и Петровска Ангела – техничар по очна оптика II година. Учениците од СОУ “Орде Чопела“, под раководство и менторство на професорите учесници на овој проектен состанок се покажаа како многу успешни во активностите од Еразмус+ проектот и зедоа голем број од предвидените награди.
Во ноември 2017 год. СОУ “Орде Чопела“ ќе биде домаќин на своите партнер училишта според овој Еразмус+ проект, така што учениците од Чешка, Италија и Шпанија ќе имаат можност да се запознаат со големото културно наследство на Македонија од областа на текстилната индустрија и да научат заедно со учениците од СОУ “Орде Чопела“ за паметните материјали, екологијата и материјалите, но и многу други активности кои веќе се во подготовка и ќе бидат дел од програмата за работа на состанокот во СОУ “Орде Чопела“ во Прилеп во ноември.