УХМР најавува силно невреме

nevreme1thb54ey54y54y5uyk67i67i67tt

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, а максималната од 19 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, на места проследени со грмежи. Повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има во вторник. Од среда ќе биде и посвежо, а од четврток ќе дува и засилен северен ветер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.