УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид му даде уникатен поклон на пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев

Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на пратеникот Томислав Тунтев и координатор на пратеничката група од СДСМ, му додели поклон книга “За македонските работи” од Крсте Петков Мисирков

“Почитуван пратенику Тунтев,
Со единствена надеж дека ќе се одвратите од погрешниот пат по кој сте тргнале Ви посочуваме да имате храброст и да не се криете од народот како што ние имаме да се соочиме со Вас. Нека златната книга на македонизмот со која ве потсетуваме на заветите на нашите предци, одекне силно во Вас и доколку имате барем малку совест и доблест ќе ги послушате зборовите изустени од големиот Мисирков. Ви честитаме за тоа што ќе влезете во историјата како јагниња со презир под оквирот на едно општество за сите, за скапиот живот платен од народот, за налогот на Премиерот дрско спротивставувајќи се на честа на народот а со тоа уривање на достоинството на пратеник…” – напишаа младите од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.