УЖАС во автобус број 56: Побеснет возач после расправија натепал девојка (ВИДЕО)

Вистински ужас се случувал вчера во автобусот на линијата 56 на станицата кај Петлово брдо во Белград.

Пред полн автобус шоферот ја претепал оваа девојка, само поради тоа што се побунила дека автобусот доцни и дека поради тоа нема да стигне навреме на работа, пишува на Фејсбук страната “Во живо од белградските трамваи и автобуси“.

На поплаките на девојката шоферот реагирал најпрво со пцовки, ја зел шољата со кафе и излегол од автобусот.

Откако таа жестоко му се спротивставила ја грабнал и ја извлекол надвор, а потоа ја легнал на земја.

Возачот започнал да ја удира и да ја молкне за палтото. Девојката која снимала во тој момент прекинала и заедно со уште едно момче притрчале да ја спасат, па затоа видеото не е целосно.

На оваа Фејсбук страна секојдневно се објавуваат немили случки од градскиот сообраќај во Белград, што говори во каква лоша состојба се наоѓа оваа градска услуга во главниот град на Србија,

Погледнете:

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.