Во несреќа која се случила во забавен парк во Охајо, загина 18 годишен тинејџер, а седум се повредени.
На снимката од несреќата која е објавена на интернет, се гледа како машината во паркот буквално се распаѓа во воздух, а луѓето почнуваат да испаѓаат.
Шефот на полицијата Стив Мартин соопшти дека момче загинало кога паднало од седиште од машина која се распаднала во воздух.
Паркот е затворен а машините се проверуваат.