Гојко Аврам (63) загинал на фармата “Златен бор” во селото Заваит кај Фоча, Р. Српска. Го усмртиле бикови.
Трагедијата се случила во саботата, откако Аврам, кој со години работел како говедар на оваа фарма, го изнесол стадото со бикови на блиската ливада.
Во вечерните часови стоката се вратила на фармата без говедарот, па мештаните тргнале да го бараат.
“Помисливме дека му се има слошено, а кога ги пронајдовме неговите чевли мислевме на најлошото. Нашите сомнежи станаа вистина, кога на стотина метри го пронајдовме неговото раскинато тело”, велат жителите на ова село, а пренесува “Вечерни новости”
Tие појаснуваат дека никој не видел точно што се случило, затоа што во близина нема куќи, но претпоставуваат дека животните поради нешто се вознемириле и се нафрлиле на говедарот.
А/Г/