Разорниот ураган Марија, кој претходниве неколку дена го пустошеше Порторико и одзеде 50 животи, се движи кон Европа, покажуваат предвидувањата на метеоролозите – “на пат кон Европа” би можел да се спои со ураганот Ли, кој моментално се наоѓа над Атлантикот.
Ураганот Марија за време на претходниов викенд го опустоши Порторико и помалите карибски острови, а бројот на жртви и понатаму расте.
Иако интензитетот на ураганот е послаб, сеуште станува збор за невреме кое се движи кон Европа.
Иако не е можно да се предвиди каде и со кој интензитет ќе заврши ураганот, некои од метеоролозите сметаат дека најмногу ќе бидат погодени Велика Британија и Исланд.
Ф.Г.