Северна Кореја му порача на Обединетите Нации дека нема да преговара за откажување од својот нуклеарен арсенал, доколку САД не ја променат својата “непријателска” политика.
Пјонгјанг предупреди дека “нуклеарната војна може да започне во секој момент”.
Заменик амбасадорот на Северна Кореја во ООН Ким Ин Ријонг изјавил пред Одборот за разоружување на собранието на ООН, дека ситуацијата на Корејскиот полуостров “достигнала многу критична точка и дека нуклеарната војна може да започне во секој момент”, пренесува “ATP”.
Ф.Г.