УДАРНА ВЕСТ – Русија ги протерува американските дипломати и ќе го заплени имотот на САД

putin-i-tramp-1-600x400

Mосква планира да протера околу 30 американски дипломати и да заплени неколку објекти во сопственост на САД во Русија, пишува весникот “Известија”, повикувајќи се на неименуван извор во руското Министерство за надворешни работи.

Како што наведува рускиот весник, на вакви мерки Русија се одлучила по одлуката на Вашингтон да не го врати имотот на амбасадата која е запленета во декември 2016 година.

Ова прашање останало нерешено и по состанокот меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп во Хамбург.

“Известија” пишува дека по одржаните разговори меѓу лидерите на двете држави на самитот Г20, каде за темата “дипломатскки имот” исто така станало збор, станало јасно дека САД нема план да се реши овој спор.

Во тие услови, пишува весникот, Русија е принудена да одговори реципрочно- да протера 30 американски дипломати од  Русија и да воведе реципрочни санкции спрема американскиот имот во Русија.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.