“УЈП го поздрави штандот од Скопска Пивара со дебела казна?! Иде живот….”

Инспекциски службеници на УЈП од целата државата изминатите 4 дена беа стационирани во Прилеп и ги тресеа локалите, дуќанџиите, пазарџиите, угостителите, паркинг редарите и штандовите на фестивалот на скарата и пивото.

Сопствениците се жалеа дека УЈП ригорозно се однесувала и барала влакно во јајцето.

“Пиво Фест” е вистинска можност за сите овие луѓе да заработат, некои за корка леб, некои повеќе, но очигледно многумина не успеаа.

На социјалните мрежи се прошири информација дека штандот на Скопска Пивара добил дебела казна од УЈП, која изнесувала 600.000 денари или 10 илјади евра.

За присуството на инспекторите на штандот од Скопска Пивара не известија и наши читатели кои ни ги испратија овие фотографии.

20134479_10211820464938537_2045622748_n

20134697_10211820464298521_2053813747_n

20134697_10211820464778533_968205357_n

20182657_10211820465058540_1012050231_n

Граѓаните прашуваат: “Дали овие проверки беа само дел од работните обврски на Управата за јавни приходи, или некој свесно се обиде да го сруши фестивалот во Прилеп, кој е најголемото случување во годината во државата?!”

 

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.