Околу 30.000 војници ќе учествуваат во воената вежба на НАТО пактот во октомври во Норвешка. тоа ќе биде најглемата воена вежба во таа земја уште од времето на „Студената војна“.
Скандинавската земја која со Русија се граничи на Арктикот, ќе биде домаќин на воени трупи од 30 земји во текот на воената вежба која е закажана за октомври и ноември годинава.
На вежбата ќе учествуваат 120 авиони, 70 бродови и 10.000 возила и тоа во момент кога тензиите помеѓт Москва и САД се зголемени.
На вежбата ќе учествуваат воздушни, копнени и поморски сили и специјални единици, а потпаролот на оваа операција изјави дека ова ќе биде голема и важна операција која ќе влијае на многумина.
Ваква вежба се одржува на секои три години, а последната е одржана на Медитеранот во близина на Шпанија, Италија и Португалија.
Припремите че започнат во август, а Американскиот командант на поморските сили во Европа изјавил дека тоа ќе биде неверојатна можност за обука, но и да испрати јасна порака до сите кои би се осудиле да ја загрозат алијансата, рекол тој.