Тројца прилепчани приведени поради производство и продажба на наркотици

Вчера за време на контрола во објект на улицата “Македонски гемиџии” во Битола, биле приведени три лица од Прилеп.

Сите се приведени поради сомневање дека сториле кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Од лицата Ф.А.(33), Ф.И. (20), В.И. (28) е одземена грутчеста материја која е оставнена на вештачење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.