Три средни и четири основни училишта во Прилеп добија нови директори: Еве кои се тие!

Забрзано се променуваат директорите на основните и средните училишта во Прилеп, денеска новиот градоначалник Илија Јованоски именуваше нови директори во три средни и четири основни училишта.

За нов директор на СОУ„Ѓорче Петров“ е именуван Страшо Ѓорѓиоски на местото од Дејан Димоски, а на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ е поставена Билјана Маркоска на местото од Васил Гајтаноски. Димитријанка Манолева е нов директор на СОУ „Орде Чопела“ на местото од Елизабета Трајкоска.

На ООУ „Гоце Делчев“ денеска за нов в.д. директор е поставен Веле Ѓорѓиоски, кој го замени досегашниот директор Трајче Караилоски. На ООУ „Кочо Рацин“ нов директор е Зора Чадамова на местото од Петре Крагуески, во ООУ „Круме Волнароски“ во н.м. Тополчани за директор е именувана Јасмина Караниколова на местото од Дејан Бунтески, а за нова директорка во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е назначена Кети Стевананџија  на местото од досегашниот директор Николче Кузески.

Претходно нови директори беа назначени во гимназијата “Мирче Ацев”, OOУ “Блаже Конески”, ООУ “Рамо Левката” и OOУ “Кирил и Методиј” во населеното место Канатларци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.