Ви се чини како вчера да сте го купиле сапунот за раце за во тоалет, а веќе се истрошил. Ви нудиме супер решение за тоа како да ви трае подолго.
Се што ви треба е обично ластиче, кое треба да го замотате околу пумпата, за да се контролира колку течност излегува. Истото може да го правите и со детергентот за садови.
Ако сакате и обичниот сапун да не ви се лепи на подлогата на која го оставате, тогаш ставете две гумички и така ќе остане одозгора.