Трендафил Ивановски: Треба да се оди на нов Закон за јазици, во моментов закон нема!

-Ако Претседателот Иванов е должен да го потпише законот и да се држи до Уставот и законите, а не го потпишува, зошто тогаш не покренете инпичмент, додаде Ивановски.

Во оваа ситуација треба да се оди на нов Закон за јазици, бидејќи фазата е таква каква што е – испуштена. Може да биде и истиот текст, ама во фаза која ќе има третман на нова фаза на закон, изјави вечерва екс-претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 телевизија во која гостуваше и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој е дециден дека треба да се оди на нов Закон, бидејќи во моментот нема Закон, како што вели, не постои.

На прашањето на Џафери по кои прописи треба тоа да се стори, Ивановски рече дека моментално нема закон и го праша претседателот на Собранието дали тој може да го објави во Службен весник доколку е во право.

– Како нема Закон кога го изгласа мнозинството во парламентот, праша Џафери.

-Па можете ли да го објавите Законот?, му одговори Ивановски.

-Ако Претседателот Иванов е должен да го потпише законот и да се држи до Уставот и законите, а не го потпишува, зошто тогаш не покренете инпичмент, додаде Ивановски.

-Законот е јасен дека тоа не може, бидејќи за тоа е потребно 2/3 мнозинство, одговори Џафери.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.