Тргна Илинденската коњаница за Крушево, меѓу нив и една дама – Бог нека е со нив! (ФОТО)

20292802_10212477662513223_8144001751204941050_n

Од црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче, со свечена литургија, зурли и песни, Илинденските коњаници, се упатија на марш кој ќе заврши во Крушево на втори август.

Коњаниците кои се на возраст од 18 до 65 години, а меѓу нив е и Драгана Каловска, како единствена дама. По пристигнувањето во Крушево, коњаниците ќе се приклучат на прославата по повод најголемиот национален празник – Илинден.

Коњичкиот марш го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а генерален покровител е општина Аеродром.

Пред заминувањето на коњаниците се организираше и богата музичка програма.

 

A/Г/

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.