Трае 15 минути: Поради овој трик Италијанките никогаш не се на диета

Италијанките се познати по тоа што сакаат да уживаат во храната, но тоа не значи дека ќе се помират со вишокот килограми. Во одржување на линијата им помага секојдневниот трик од 15 минути кој секој може да го практикува.

 

prosetka-640x361

Генерално, италијанската нација има опуштен пристап кон храната и консумираат сѐ што ќе посакаат, леб, тестенини, сладолед, вино. Калориите ги контролираат така што јадат едноставни продукти, ставаат помалку преливи и сосови и јадат мали порции.

Поради ваквиот начин на консумирањето на храната италијанките не мора да одат на диета, а ниту ја практикуваат, а за да останат витки се користат и со трикот кој е всушност дел од италијанската култура, односно кога и да се во можност кусо ќе се прошетаат, вообичаено 15 минути.

Шетаат и по неколкупати дневно и тоа обично по оброкот. Но во текот на тие прошетки неам да ги видите да носат апарати за мерење на чекорите или облека за обликување на телото којашто го поттикнува потењето и слабеењето. Италијанките при тие ритуални прошетки уживаат во сончевите зраци, кусо разговараат со соседте или во прошетка одат со членовите на семејството што е истовремено можноста да се дружат.

Полезноста од шетањето по оброкот ја докажа и науката. Истраживањето објавено во списанието Diabetes Care покажало дека три прошетки од по 15 минути дневно го намалуваат ризикот од дијабетес. Други истражувања покажале дека и прошетката по вечерата е најкорисна. Имено лесната физичка активност и вечерната темнина можат да го „репрограмираат“ биоритамот и така да ви помогнат подобро да спиете, да го подобрите варањето на храната, да го намалите напливот на инсулин кој се случува по оброкот, да го забрзате метаболизмот, и сето тоа без воопшто да имате чувство дека вежбате.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.