Традицијата продолжува – Голем број граѓани го одбележаа празникот “Томина недела” во село Беровци (ФОТО)


Традицијата која трае со години наназад и оваа година беше продолжена на одличен начин.

Денешниот празник Томина недела кој се празнува една недела после Христовото Воскресение, го одбележаа стотици граѓани кои денеска присуствуваа во прилепско Беровци.

Со песна, оро и убаво расположение го славеа Воскреснувањето на спасителот кој со својата саможртва го избави човештвото од гревовите.

Во црквата Воскресение Христово се одржа и Света литургија, а за подоцнежната забава задолжен беше познатиот фолк пејач Јордан Митев.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.