Трагедија во Македонија: Еден загинат и двајца повредени на патот Градско-Прилеп

Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што утрово околу 10 часот се случи на патот Градско-Прилеп.

Според првичните сознанија кои за МИА ги потврдува Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, станува збор за директен судир помеѓу патничко и товарно моторно возило.

Увидот е во тек, на лице место е и екипа од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Сообраќајот на местото на несреќата се одвива наизменично по една коловозна лента.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.