Синоќа околу 21,50 часот во СВР Битола е пријавено дека кај Градско шеталиште на место викано „Тумбе кафе“, има повредено лице. Извршен е увид на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето З.Л. (67) од Битола.
На лицето му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош Битола, при што било констатирано дека З.Л. има обилно крварење од вените на двете раце, по што лцето е пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.