Тој оди на одмор со своите другари: Девојката му подготви специјален подарок (ФОТО)

Ако можеш да го прочиташ ова, значи си преблиску. Затоа те молам да се оддалечиш, е слоганот кој го има на маицата на новопечениот татко, а авторката на интересна идеја е неговата девојка.

maliaaaa-640x317

Новопечената мајка на четиримесечното бебе го сака својот партнер и сака тоа да го знаат и другите. Тој со своите другари од на машко патување во грчкото туристичко место Малија, а таа не сака никакви проблеми. Затоа во куферот му спреми маица со својата фотографија и порака: „Ако можеш ова да прочиташ, значи си преблиску. Затоа те молам да се оддалечиш“.

18 годишната Кори Хејворд од англиски Бристол смета дека тоа е добар начин за спречување неверство. Момчето, Џејк Толивер, освен нејзиното селфи и порака на предната страна на маицата, ќе има и посебна фотографија на грбот, со својата девојка и ќеркичка Еми-Роуз, со порака: „Ги сакам своите девојки и ги мрзам сите девојки кои се во Малија“

-Секако дека не беше среќен кога ја слушна идејата. Сепак, набрзо попушти и призна дека би можело да биде забавно, изјави Кори, која во изработката на маицата имала помош од својата сестра.

-Знам дека многу ќе мислат дека сум посесивна, но исто знам дека многумина ќе го сфатат хуморот. Пријателите на Џејк ми кажаа дека идејата е генијална и дека сакаат да направат селфи во таа маица, заклучи младата мајка и се чини верна девојка.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.