На 13.07.2017 година, во 12,20 часот, во Скопје во Клинички центар-Мајка Тереза, во Невролошката амбуланта на Детската клиника, непознат сторител користејќи го невниманието на вработените, влегол во собата VEEG и картотека и извршил кражба, одземајќи од бирото лап топ компјутер и УСБ-стик на кое имало програм во вредност од околу 925.000 денари.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.