Во скопското село Долно Свиларе завчера имало физичка пресметка меѓу членови на две семејства поради претходна расправија за ниви
Како што информира МВР, случајот го пријавиле Н.И. (62) и Ќ.И. (24) според кои се се случило околу 20:40 часот кога во дворот на нивната куќа, додека седеле со други членови на семејството, со патничко моторно возило дошле М.Ј., М.Ј., Б.М., В.Р и уште две други лица. Тие со себе носеле шипки, лопати, дрвени палки,…, и веднаш почнале да ги удират сите членови на семејството во пределот на главата и телото, нанесувајќи им видливи повреди.
Истепаните побарале лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.